Интер го задржа максималниот ефект во Серија А и по пет кола. На гостувањето во Емполи, „нероаѕурите“ славеа со минимален резултат, 0:1.
Стрелец на победничкиот гол за Интер беше левиот бек Федерико Димарко. Тој во 51. минута испрати силен удар од далечина и ја затресе мрежата на Емполи.
По овој триумф, Интер е на врвот со 15 бода, додека Емполи е на дното, без нити еден бод.