Бецеки победи на првото Индиско ГП, шампионот Бањаја излета

Бецеки-победи-на-првото-Индиско-ГП-шампионот-Бањаја-излета.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанецот Марко Бецеки триумфираше на првото Индиско ГП во Мото ГП шампионатот, убедливо победувајќи ги Хорхе Мартин и Фабио Квартараро, додека актуелниот светски шампион, Франческо „Пеко“ Бањаја излета во трката, правејќи ја борбата во генерален пласман интересна во финишот на шампионатот.


Предноста на Бањаја во генерален пласман сега е намалена на само 13 поени, откако Мартин ја доби битката со ексшампионот Квартараро во последниот круг, додека Бецеки сега заостанува големи 44 поени, кои сепак, исто така се достижни.

Хорхе Мартин беше најбрз на стартот, но веќе во првиот круг беше поминат од Бањаја. Сепак, Бецеки успеа да ги помине двајцата и да остане на првото место, додека Бањаја, откако беше вклучен во борба за второто место со Мартин, на осум круга пред крај ја загуби контролата на мотоциклот и излета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK