Најмалку 35 лица загинаа вчера во југоисточен Бенин откако избувна пожар во продавница во која, според очевидци, се истоварал бензин, соопшти претставник на Министерството за правда.
Пожарот избувнал во 9:30 часот по локално време во близина на границата со Нигерија.
„Пожарот ја изгоре продавницата и, според првичните проценки, резултираше со 35 смртни случаи, вклучително и едно дете“, рече обвинителот Абдубаки Адам-Бонгл во соопштението од Министерството за правда, додавајќи дека е отворена истрага за да се утврдат причините.
🇧🇯 | Pelo menos 34 pessoas morreram e dezenas ficaram feridas numa explosão num depósito de combustível ilegal no Benin nesse sábado. A explosão ocorreu no distrito de Sèmè-Podji, a cerca de 20 quilómetros da capital Cotonou. pic.twitter.com/HEzqgE8a6O
— World Events 🌎 (@Eventomund) September 23, 2023
„Според интервјуираните сведоци, пожарот најверојатно настанал при истовар на бензин“, се наведува во соопштението.
Повеќе од десетина други се тешко повредени и се згрижени во болница, рече тој.
Во видеото споделено на социјалните мрежи во кое наводно се гледа пожарот, може да се види црн чад и пламен како се издига над продавницата.