Барселона со неверојатен пресврт во последните 10 минути ја победи Селата на „Монжуик“ со 3:2.
Барселона 80 минути беше во подредена положба пред своите навивачи. Селта одигра тактички беспрекорно и вистинско чудо е што гостите од Виго имаа предност од само два гола.
Гостите поведоа во 19. минута преку Ларсен. Со тој резултат заврши првото полувреме, а нов шок за домашните навивачи дојде во 76. минута кога Дувикас ја зголеми предноста на Селта по доброто додавање на Јаго Аспас.
И кога сите помислија дека Барселона за прв пат ќе биде поразена во Ла Лига, на сцена стапи Роберт Левандовски.
Најпрвин во 81. минута, по додавањето на Жоао Феликс, Левандовски го лобуваше голманот на Селта и намали на 1:2. Пет минути подцна Кансело се проби по десната страна и ја врати топката во шеснаесетникот, а тука беше Полјакот кој со прецизен удар го постигна вториот гол на натпреварот.
Целосен пресврт Барселона направи со голот на Жоао Кансело во 89. минута.
По оваа победа Барселона се искачи на првото место на табелата со 16 бодови, додека Селта сега е на 17. место со четири бодови.
Во следното коло Барселона и гостува на Мајорка, а Селта ќе го пречека Алавес.
Foto/ EPA