Во ударниот термин на Бундеслигата од 15 часот и 30 минути се одиграа пет натпревари од петтото коло, победи остварија Баерн, Лајпциг, Борусија Дортмунд и Хофенхајм.
Фудбалерите на Баерн го декласираа Бохум на Алијанц Арената со 7:0. Серијата на голови ја отвори Чупо-Мотинг во четвртата минута. Покрај Камерунецот стрелци беа Хари Кејн кој постигна хет-трик, односно Де Лихт, Сане и Тел.
Минимални победи остварија и Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Лајпциг победи во Менхенгладбах со голот на Тимо Вернер во 75. минута, а Борусија го скрши отпорот на Волфсбург во 68.минута со голот на ветеранот Марко Ројс.
Аугзбуг, со пресврт против Мајнц дојде до првата победа во новата сезона. Двата гола во победата 2:1, за Аугсбург ги постигна Ермедин Демировиќ.
Хофенхајм го изненади Унион во Берлин и победи со головите на Андреј Крамариќ од пенал во 22. минута и на Максимилијан Бејер во 38. минута.
Баерн е прв на табелата со 13 бодови, еден повеќе од Штутгарт и Лајпциг, следува Борусија Дортмунд со 11.
Foto/ EPA