(Видео) Неславно европско деби за Брајтон, реми со шест гола меѓу Ајакс и Марсеј

Видео-Неславно-европско-деби-за-Брајтон-реми-со-шест-гола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Брајтон на Роберто де Ѕерби е една од атракциите во Премиерлигата, но очигледно е дека за Европа им треба малку искуство, откако во своето деби во Лига Европа пред домашна публика загубија со 2:3 од грчкиот АЕК. Вест хем немаше вакви проблеми и со 3:1 го совлада српскиот ТСЦ Бачка Топола, додека поранешните европски шампиони Ајакс и Олимпик Марсеј одиграа драматично 3:3 реми.


Сидибе уште во 11. минута ги донесе АЕК во водство, за Брајтон да израмни од пенал во 30. минута преку Жоао Педро. Гачиновиќ во 40. минута пак стрелаше за гостите, и Брајтон пак израмнија од пенал преку Жоао Педро во 67. минута, но Езекиел Понсе во 84. минута осигура победа за АЕК.

Ајакс по 20 минути имаше 2:0 водство против Марсеј со головите на Форбс (6.) и Бергхуис (20.), но гостите се вратија со головите на Клаус (33.) и Обамејанг (38. од пенал). Тејлор во 52. минута пак донесе водство за холандскиот тим, пред Обамејанг уште еднаш да стрела во 78. минута за 3:3.

ЛИГА ЕВРОПА, 1.КОЛО
ГРУПА А
Олимпијакос – Фрајбург 2:3
Вест хем – ТСЦ Бачка Топола 3:1
ГРУПА Б
Ајакс – Олимпик Марсеј 3:3
Брајтон – АЕК 2:3
ГРУПА Ц
Глазгов Ренџерс – Реал Бетис 1:0
Спарта Прага – Арис Лимасол 3:2
ГРУПА Д
Аталанта – Раков 2:0
Штурм Грац – Спортинг Лисабон 1:2

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА, 1.КОЛО
ГРУПА А
Слован Братислава – Клаксвик 2:1
ГРУПА Б
Макаби Тел Авив – Бредаблик 3:2
Зорја Луханск – Гент 1:1
ГРУПА Ц
Динамо Загреб – Астана 5:1
Викторија Плзењ – Балкани 1:0
ГРУПА Д
Клуб Бриж – Бешикташ 1:1
Лугано – Бодо/Глимт 0:0

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK