Mалолетничка е жртвата на 18-годишниот скопјанец кој ја прегази возејќи брзо украден автомобил и без дозвола

Mалолетничка-е-жртвата-на-18-годишниот-скопјанец-кој-ја-прегази-возејќи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

МВР објави детали за настанот од 30 август, кога 18-годишен скопјанец прегази девојче возејќи брзо, без дозвола и со украден автомобил. Според информациите на полицијата, се работи за малолетничка која им подлегнала на повредите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.



Младиот скопјанец со украден автомобил „алфа ромео“ на 30 август во 22.30 часот возел на булеварот Борис Трајковски во Скопје. Удрил во малолетничката, која во моментот на несреќата пешачела на тротоар, по што излегол од возилото и го напуштил местото.

Од страна на судија изречена му е мерка притвор.

Обвинителството претходно објави дека 18-годишникот  го управувал автомобилот без возачка дозвола, возел брзо, изгубил контрола и со возилото излегол надвор од коловозот на тротоарот од десната страна, каде удрил во пешакот. Од обвинителството наведоа дека без да укаже помош на оштетената, тинејџерот продолжил да вози, повторно изгубил контрола над управувачот од возилото и удрил во метална ограда.

Скопјанецот се сомничи и дека извршил и неколку кривични дела “кражба” и “тешка кражба” од објекти на подрачјето на Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK