Османи на традиционалната транс-атлантска вечера на покана од Блинкен: помошта за Украина е наш приоритет

Османи-на-традиционалната-транс-атлантска-вечера-на-покана-од-Блинкен-помошта.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана од државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, учествуваше на традиционалната трансатлантска вечера, што се одржа во рамки на 78-то Генерално собрание на ОН во Њујорк. На настанот учествуваа и министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, како и генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.


Во фокусот на разговорите беа актуелните предизвици со кои се соочува трансатлантската заедница, особено во контекст на последиците од руската воена агресија врз Украина, која го поткопа меѓународниот правен поредок заснован на правила и предизвика зголемена нестабилност во соседството на Алијансата. Воедно, стана збор и за приоритетите за дејствување во трансатлантските односи и значајните одлуки донесени на Самитот во Вилнус за иднината на НАТО Алијансата.

Во своето обраќање, Османи ја реафирмираше нашата целосна поддршка за Украина и истакна дека обезбедувањето практична помош, сѐ додека е потребна, останува наш приоритет. Дополнително, истакна дека нашата безусловна поддршка за украинскиот народ уште еднаш беше потенцирана со усвојување на Заедничката изјава за поддршка на Украина од страна на земјите членки на А5, на вчерашниот состанок што се одржа во рамки на нашето претседавање со САД – Јадранската Повелба.

Османи се осврна и на актуелните состојби во нашиот регион и потребата од интегрирање на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските структури како значаен влог во регионалната и европската стабилност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK