Уапсени двајца во Гостивар, ограбиле 58-годишник

lisici1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера вечер во 19.15 часот на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар лишиле од слобода малолетник од Тетово, а во 22.40 часот го лишиле од слобода и 18-годишниот Б.А. од тетовско Селце, извести СВР Тетово.


– Двајцата се сомничат дека околу 18.30 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар на 58-годишен гостиварец му одзеле пари и побегнале. По преземени мерки, малолетникот набрзо бил фатен, а подоцна и Б.А, соопшти СВР Тетово.

Тие биле задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK