Вчера попладне, во 17 часот и 30 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 52-годишниот гостиварец А.С., кој еден час пред тоа бил пријавен од неговата 37-годишна невенчана сопруга дека се однесувал агресивно во нејзиниот стан и ѝ се заканил со остар предмет, извести СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.