Украина: Нашиот голем напад успеа, Русите претрпеа голема штета

Украина-Нашиот-голем-напад-успеа-Русите-претрпеа-голема-штета.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинската безбедносна служба и морнарицата извршија напад во текот на ноќта врз воздухопловната база Саки на Крим, нанесувајќи им „сериозна штета“ на руските војници, изјави за Ројтерс извор од украинската разузнавачка служба.


Британската агенција наведе дека не може самостојно да ја потврди оваа информација.

Во исто време, руската војска објави дека уништила 19 украински беспилотни летала над Крим и Црното Море, но не соопшти детали за евентуални жртви или штети.

Во текот на ноќта, руските сили за противвоздушна одбрана соборија два беспилотни летала кои беа насочени кон постројки за гориво и енергетски постројки во централниот руски регион Ориол, објави на Телеграм гувернерот Андреј Кличко, пренесува ТАСС.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK