Во текот на вчерашниот ден околу 19.00 часот во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.К.(50) од с.Велешта, струшко.
Во наведеното време во угостителски објект на ул.„Владо Малески“ во Струга, тој одзел две женски чанти и оштетил дел од инвентарот, а бил затекнат од полициски службеници откако делото го продолжил во соседен угостителски објект.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.