Романија ќе биде казнета со еден меч без публика за инцидентот со Косово

Романија-ќе-биде-казнета-со-еден-меч-без-публика-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

УЕФА ќе и одреди казна од еден меч без публика на романската фудбалска федерација за однесувањето на дел од навивачите на мечот со Косово и извиците и транспарентите „Бесарабија е Романија, Косово е Србија“, јавуваат локалните медиуми.


Романците ќе поминат релативно лесно и нема да може да имаат публиа на квалификацискиот меч за Еуро 2024 против Андора, тврди романскиот спортски новинар, Еманул Рошу.

Дуелот со Косово беше одбележан со низа инциденти, откако покрај контроверзниот транспарент, романските навивачи извикуваа „Косово е Србија“, по што Косовците се вратија во соблекувалната и мечот беше прекинат 50-тина минути. Романија го доби мечот со 2:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK