Се одиграа натпреварите од 1/16-финалето во фудбалскиот Куп на Македонија. Воска Спорт беше најубедлива и победи со 0:10 на гости против Карбинци. Шкупи му даде осум гола (0-8) на Коњаре, а Нилтињо сам беше стрелец на четири гола. Брегалница исто така постигна осум гола (0:8) против Новаци, а Иван Глигоров беше стрелец на хет-трик.
Вардар на пенали ја елиминира Беса (3:4), откако мечот во регуларниот тек заврши 1:1. Филип Гачевски одбрани два пенали и го одведе Вардар во следната рунда.
Илија Донов и Александар Ристевски беа стрелци на головите за Брера на гости против Кожуф (0:2).
Работнички во финишот го скрши отпорот на Тетекс и славеше со 0:3. Атдхе Мазари го отвори резултатот во 87.минута, Гандо Биала зголеми на 0:2 во 90.минута, а во судиското продолжение стрелаше и Георг Стојановски.
Тиквеш го победи Арсими на гости со 1:2, а Пелистер со 0:4 го елиминира Велазерими.
На пенали и Башкими го елиминира Скопје (4:3), а нисколигашот Јанг Тим Струга ја совлада Победа (4-3).
1/16-ФИНАЛЕ, КУП – РЕЗУЛТАТИ
БЕСА – ВАРДАР 3-4 пен (1-1)
КОЊАРЕ – ШКУПИ 0-8
ТЕТЕКС – РАБОТНИЧКИ 0-3
КОЖУФ – АП БРЕРА 0-2
ВЛАЗЕРИМИ – ПЕЛИСТЕР 0-4
АРСИМИ – ТИКВЕШ 1-2
БАШКИМИ – СКОПЈЕ 4-3 пен. (1-1)
БЕЛАСИЦА – ГОСТИВАР 0-3 пен. (0-0)
ЈАНГ ТИМ СТРУГА – ПОБЕДА 4-3 пен. (0-0)
КАРБИНЦИ – ВОСКА СПОРТ 0-10
НОВАЦИ – БРЕГАЛНИЦА 0-8
ОХРИД – ДЕТОНИТ 2-0