Перишиќ ги скинал лигаментите во коленото

Перишиќ-ги-скинал-лигаментите-во-коленото.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерот на Тотенхем, Иван Перишиќ (34), на последниот тренинг го повредил десното колено. Клубот соопшто дека хртавскиот репрезентативец ги скинал предните вкрстени лигаменти. Наскоро Пришиќ ќе биде опериран.


Перишиќ, како што објавија од Тотенхем, со повредата не се здобил во дуел, туку едноставно се пожалил на болки во коленото.

Перишиќ е член на Тотенхем од минатото лето кога клубот на Интер му плати 10 милиони евра обештетување.

Крилниот напаѓач играше и за Баерн, Волфсбург, Борусија Дортмунд, Клуб Бриж, Сошо и КСВ Реселар, а израсна во Хајдук.

Целта на Перишиќ треба да биде да се врати на теренот во текот на пролетта, за да има врме да избори место во хрватската репрезентација на ЕП. Хрватска во моментов е прва во групата Д со 10 бода од четири натпревари, а исто толку бодови, но и меч повеќе има и второпласираната Турција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK