Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Пендаровски-во-Њујорк-на-работна-средба-со-потпретседателот-на-Европската.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба којашто за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.


На средбата се разговараше за актуелните состојби и европските перспективи на земјите од Западен Балкан, за реформските процеси коишто се одвиваат, како и за политичките и економските текови во регионот во контекст на геополитичките случувања.

Во разговорите беше укажана неопходноста од брза реализација на стратешките одлуки во однос на политиката на проширување и интегрирање на Западниот Балкан во Европската Унија во интерес на безбедноста, стабилноста и напредокот на регионот и истовремено одржување на кредибилитетот на ЕУ.

Воедно, соговорниците разменија информации и околу мерките и активностите што се преземаат во рамки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, како одговор на руската воена инвазија врз Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK