Штом владата и СДС упорно молчат за 40 милиони евра, значи дека се крие нешто големо зад овој скандал, 40 милиони евра во три години за лиценци, толкав договор направи Владата со фирма која што претходно годишно заработувала по речиси половина милион, рече на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
– Дали зад златното доба за Аитоникс не лежи фактот што и Димитар Ковачевски и првиот човек на Аитоникс, Марко Андонов (претседател на одборот на директори) се колеги од приватен универзитет во Скопје. Ковачевски, професор, шеф на катедра за маркетинг, а Андонов декан, професор за корпоративно право, прашува Стоилковски.
Стоилковски рече дека интересен е фактот дека првиот рекорден тендер за лиценци од 15 милиони евра, Аитоникс ги добива во 2020 година, во периодот кога новата ѕвезда на СДС, Ковачевски влегува во Владата. Иако тендерот првично е распишан за почеток на годината, тој е народски кажано е „бутнат” па направен е нов тендер, со сменети и намалени услови, и се завршува во очи, неколку недели пред влегувањето на Ковачевски во Влада. И за прв пат се прави договор за три години, за рекордни 15 милиони евра, вели Стоилковски.
Стоилковски објаснува дека по само три години, Ковачевски станува премиер, а Аитоникс на колегата професор од иститот факултет, сега зема не 15, туку 25 милиони евра што тој го нарече рекорд за иста услуга – лиценци за програми за администрацијата.
– Зошто во 2020 кога Ковачевски е заменик министер, услугите чинат 15, а сега дури 25 милиони евра? Што е тоа зголемено за цели 10 милиони евра разлика, освен што Ковачевски бил заменик министер, а сега премиер? Како може генерален секретар на влада да потпишува и спроведува договор со фирма на колега на премиерот?, прашува Стоилковски и констатира дека Македонија тоне во корупција, криминал, сиромаштија, а нема лекови, ниту учебници, но се даваат 40 милиони евра за лиценци.