Радев ги опиша односите со Македонија како сложени: Европските барања подразбираат промена на Уставот, па почеток на преговорите

Радев-ги-опиша-односите-со-Македонија-како-сложени-Европските-барања.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Точно е дека имаме сложени односи со Република Северна Македонија. Но, нашите проблеми имаат едноставно решение, а тоа се нарекува Копенхашки критериуми за пристапување и почитување на човековите права, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, во интервју за грчката новинска агенција „АНА-МПА“.


„Не треба повеќе да зборуваме за бугарско вето. Од витално значење е да се користи вистинската терминологија во меѓународните односи. Има јасен заклучок на Европскиот совет од јули минатата година во кој детално се опишува преговарачката рамка. Значи, ги поставува сите европски – не бугарски – барања кон Република Северна Македонија да ги започне преговорите, да биде членка на Европската Унија. Овие европски барања јасно кажуваат дека Република Северна Македонија треба да го измени својот Устав за да обезбеди можност бугарските граѓани во оваа земја да имаат уставна заштита и еднакви права. Да бидат вклучени во нивниот Устав рамноправно како и другите владејачки основачки народи“, рече Радев.

Според него, ова е чисто европско барање засновано на европски принципи. Преговарачката рамка прифатена од Република Северна Македонија, вели Радев. исто така, јасно кажува дека правата на Бугарите кои живеат во Република Северна Македонија треба да се почитуваат и заштитат исто така.

„Говорот на омраза и физичкото насилство врз Бугарите кои живеат во Северна Македонија треба да се искорени. Исто така, нашата историја и културно наследство треба да се почитуваат и штитат, а во оваа специфична област верувам дека Грција може најдобро да не разбере“, рече Радев.

Бугарскиот претседател изрази уверување дека раководството во Скопје ќе ги насочи своите напори да работи многу напорно за исполнување на европските барања и за отстапување од некои стари политички битки. Верувам, рече Радев, дека нашите браќа во Северна Македонија што е можно поскоро ќе ги прифатат европските принципи и вредности за подобра иднина на граѓаните на Република Северна Македонија, за подобра перспектива и иднина на сите нас кои живееме на Балканот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK