Милошоски до Пендаровски: Не потпишувај, измените на кривичниот законик ќе нанесат сериозна штета

Милошоски-до-Пендаровски-Не-потпишувај-измените-на-кривичниот-законик-ќе.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски му порача на претседателот, Стево Пендаровски да не става потпис на измените на кривичниот законик.


„Со злоупотребата на европското знаменце за политички дизајнираните измени на Кривичниот законик му се нанесува сериозна штета на правосудниот систем во Македонија.

Затоа, и од легалистички, и од политички аспект, би било исправно доколку Претседателот Пендаровски не го потпише овој законски проект на ДУИ и СДСМ, и законот за измени во Кривичниот законик го врати на повторна расправа во Собранието.

Таквиот потег на Пендаровски прво ќе значи спротивставување на владината злоупотреба на европското знаменце, а истовремено ќе даде шанса и за јавна дебата на оваа тема со адвокатската комора, здружението на судии и катедрите за кривично право при правните факултети во државава“, смета Милошоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK