Утре од 9 до 16 часот и 30 минути на потегот од село Маврово до село Леуново ќе се одржи традиционална велосипедска трка по повод празникот Осми септември, на која ќе учествуваат неколку категории натпреварувачи.
Во тоа време целосно ќе биде забранет сообраќајот на овој пат, а покрај редари на организаторот, за безбедноста на учесниците и гледачите ќе се грижат повеќе полициски службеници и возила на Секторот за внатрешни работи Тетово кои ќе бидат ангажирани за таа цел и намена, извести СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово со повик до учесниците на трката да се придржуваат на знаците и другата опрема поставена од организаторот, а до возачите – целосно да ја почитуваат забраната во периoдoт додека трае трката.