Националната галерија по повод чествувањето на Денот на независноста

Националната-галерија-по-повод-чествувањето-на-Денот-на-независноста.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Националната галрија на Република Северна Македонија учествува во Програмата под наслов „Отворен град“ која е во организација на Владата на Република Северна Македонија по повод одбележувањето на државниот празник 8ми Септември – Денот на независноста, по повод 32 години од независноста под слоганот: 8ми Септември – Гласник на слободата.

Покрај многубројните настани, Националната галерија како учесник од Програмата ги отвора вратите на трите објекти со следната културно уметничка понуда:

Даут Пашин амам
Избор-ликовни дела од Колекцијаата изложени како „Трајна поставка XIV-XX век“

Трајна поставка е сместена во Националната галерија на Македонија, основана во 1948 година и е една од најстарите ликовни институции во Република Македонија. Сместена е во културно-историскиот споменик на исламската профана архитектура кој го изградил Даут Паша во втората половина на 15 век.

Националната галерија со својата Постојана поставка го потврдува своето стожерно место во македонската ликовна уметност, како средиште и како вредносен супстрат кој им се претставува на увид на домашната и странската јавност.

Чифте амам
ВЕТАР ПАРАКЛЕТ – Сaмостојна изложба на Димитрие Дурацовски

На галериската сцена во Чифте амам може да се погледне творештвото на исклучителен автор – уметник во доменот на ликовното творештво и пишаниот збор. Димитрие Дурацовски, како сликар уметник, речиси четири децении не е претставен пред публиката, меѓутоа неговата особеност во ликовниот израз е предмет на анализа во повеќе студии и литература за теоријата на ликовната уметност.

Творештвото на Дурацовски може да се одбележи како метафизичко и во исто време концептуално и имајќи го предвид времето во кое што почнува да твори (1973) и кога неофицијално престанува со сликарството (1987), можеме недвосмислено да кажеме дека тој е творец претеча на современиот концептуален ликовен израз во Република Северна Македонија.

Мала станица

Изложба на Мирчо Матевски Рисимкин „Средба со историјата: една слика – една приказна“

Мултимедијалниот центар е место каде може да се погледнат делата на Матевски Рисимкин и да се препознае неговата вљубеност во историјата. Сите негови дела се инспирирани од некој вистинит историски настан, јунак, личност, кои оставиле длабока трага во историјата. Трајко Матевски-Рисимкин, неговиот татко, бил главен инструктор за тепихарство во Македонија и работел во „Македонски фолклор“, така што своето детство Матевски Рисимкин го поминал покрај неговите шеми, нацрти и планови што ги подготвувал за изработка на теписи. Тајните на уметноста како да му биле предодредени во животот.

На 8-ми Септември сите објекти се отворени за посетителите во рамките на работното време од 10-18 часот а влезот е бесплатен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK