„Затворено, забарикадирано, камион ставен назад за да не може да мине никој. Пустелија, затворени врати и согласно информациите кои се споделени до нас и кои бараме да бидат проверени, живи околу 5 – 10 000 животни се веќе осми ден без вода и јадење во простор без вентилација, оставени да умрат“, велат од Анима Мунди.
„Во меѓувреме осуда на смрт и препукување помеѓу институциите, населението каде ќе се закопаат 10 000 животни, кои, без око некому да му трепне скапуваат живи во агонија додека не испуштат здив..тие кои и ова ќе го преживеат, најиздржливите, најизмачените ги чека масакар. Садизам, бруталност која надминува секоја граница на разум.
Бедна држава која наместо мерки на превенција, хигиена, дезинфекција, исклучување на контакт, засилување на царинските контроли на граничните предели за да се спречи неконтролирано внесување на свињско месо, одлучува да крене паника и повика на масакар на свињите а нивното убивање финансиски го компензира.
Ако сите епидемии се решаваа со убивање, немаше да има живи суштества на планетава!
Монструозна е оваа приказна и секој сегмент на нашето општество. Ваква инертност кон туѓата несреќа, страв и страдање; третманот на свесни и чувствителни суштества небаре се отпад, а не живи битија е клучен фактор кој не деградира како општество, како луѓе.
Македонија е земја која ја водат политичари без морал, свест и доблест; пеколот за животните“, се додава во соопштението на Анима Мунди.