Одбојкарската репрезентација на Македонија замина за Италија, каде в сабота ќе го одигра осминафиналниот натпревар на Европското првенство против актуелниот европски и светски првак. „Аѕурите“ по првата фаза имаат максимални пет победи откако синоќа ја победија и Германија со 3:2 во сетови. Тоа се првите два сета кои Италија ги загуби на овој шампионат.
Македонија направи огромен успех со самиот пласман во осминафиналето, а мечот против големиот фаворит треба да биде круна во кариерите на нашите одбојкари.
Натпреварот меѓу Италија и Македонија е закажан за в сабота, со почеток во 18 часот, во арената во Бари.