Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи, извести МВР.
– Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 98 надвор од населено место, соопшти МВР.
Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.