„Поврзувањето на акцијата на надлежните институции за расчистување на криминалот на Онкологија со ново барање за избори покажува дека Мицкоски се плаши од истрагата и сака да ја одолговлечи“, соопшти СДСМ.
„Мицкоски требаше да ја поздрави акцијата на надлежните институции наместо да ја политизира, злоупотребувајќи ги болните.
Секој што се огрешил во грозниот случај на Онкологија ќе се соочи со одговорноста и ќе биде изнесен пред лицето на правдата, без разлика на партиска или етничка припадност“, се додава во соопштението на СДСМ.