Трипуновски: Африканската свинска чума се шири со епидемична брзина, Бабовски да не се затскрива позади соопштенијата на АХВ,

Трипуновски-Африканската-свинска-чума-се-шири-со-епидемична-брзина-Бабовски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неспособноста на Љупчо Николовски и Николче Бабовски излегува на површина. Африканската свинска чума е регистрирана во свињарска фарма Овчеполка Агриа, Општина Карбинци уште пред 8 дена, а АХВ и понатаму продолжува да молчи. Осми ден свињите на фармата се оставени на милост и немилост. Осми ден постои сериозна закана болеста да се прошири насекаде ширум државата, а надлежни институции не преземаат ништо, рече на денешната прес конференција Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.


Како што рече, африканската свинска чума се шири со епидемична бризна, речиси 10.000 свињи ќе бидат уништени, а Бабовски наместо да се затскрива позади соопштенијата на АХВ, веднаш да излезе и да одговори дали е свикан Националниот центар за контрола на болести и дали е одржан координативен состанок за оваа состојба, како и кои мерки за сузбивање и искоренување на болеста ги има спроведено Локалниот центар за контрола на болести.

Трипуновски праша и колку животни се усмртени и како се третирани нивните останки, потенцирајќи дека АХВ освен со медиумска кампања, не презема никакви конкретни мерки да ја спречи состојбата со африканската свинска чума која година ипол ја има во Македонија.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK