Јовчески: Иако знаеле за случувањата на Онкологија кои загрозиле човечки животи, молчеле – затоа ќе има и кривична и политичка одговорност

Јовчески-Иако-знаеле-за-случувањата-на-Онкологија-кои-загрозиле-човечки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здравството го тресат скандали седум години. Последниот скандал со трговија со цитостатици на Клиниката за Онколигија е шокантен. Од една страна ни нудеа билборди за европско и бесплатно здравство, а од друга страна гледаме мафија во здравството, рече на денешната прес конференција д-р Лазо Јовчески, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.


– ВМРО-ДПМНЕ пред отприлика две години предупредуваше за ова што денес е актуелна тема, а пред околу шест месеци и медиумите почнаа да се занимаваат со темата. Значи на МВР и министерот Оливер Спасовски им требаше многу време да реагираат и тоа само со предистрага. Потенцираме, иако знаеле за случувањата ништо не презеле. Разрешување директор на Клиниката не е мерка, а во случајов само тоа го видовме, – рече д-р Јовчески.

Тој констатира дека кога е во прашање здравството власта само ја замајува јавноста поради што се губат човечки животи и се крадат болните, а за кое злодело мора да се одговара со име и презиме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK