Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (02.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 138 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.