Комплетен распоред во ЛШ, сезона 2023/24

Комплетен-распоред-во-ЛШ-сезона-202324.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 19.септември, со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х.



Во овој дел од ждрепката се најде „групата на смртта“. Првиот ден ќе го отврат Милан и Њукасл од 18.45 часот, во оваа Ф-група потоа ќе играат ПСЖ и Борусија Дортмунд.

Единствениот претставник од регионот во Лигата на шампионите, Црвена звезда, во првото коло ќе гостува кај актуелниот европски првак Манчестер сити.

Вториот ден ќе го понуди дербито во А-групата, Баерн Минхен ќе го пречека Манчестер јунајтед.

Комплетен распоред на натпреварите во фазата по групи:

Финалето на 69. издание на Лигата на шампионите е закажано за 1. јуни 2024 година на култниот лондонски стадион Вембли.

Треба да се напомене дека оваа сезона е последна во ваков натпреварувачки систем, бидејќи од следната сезона ќе гледаме сосема поинакво издание на елитното ниво на европскиот фудбал.

Од следната, бројот на клубови ќе се зголеми на 36 и системот целосно ќе се промени. Секој тим ќе одигра по осум натпревари, по четири дома и на гости, а потоа екипите ќе бидат рангирани според бројот на освоените бодови.

Осумте најдобро пласирани екипи ќе се пласираат во осминафиналето, а за место во осминафиналето ќе разгруваат екипите од деветтото до 24. место. Носители ќе бидат екипите од 9. до 16. место кои реваншите ќе ги играат на домашен терен против екипи од 17. до 24. место.

Екипите кои ќе се пласираат од 25. до 36. место ќе бидат елиминирани од натпреварувањето и она што е многу важно да се напомене е дека нема да остварат пласман во Лига Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK