Ѓорчев: Нема првачиња оти над 4.000 деца родени во 2017 се иселиле со родителите

Ѓорчев-Нема-првачиња-оти-над-4000-деца-родени-во-2017.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија никогаш во својата историја немала помалку првачиња, никогаш немала помалку ученици, никогаш немала помалку средношколци. На Македонија и се случува и демографска и образовна и човечка катастрофа. Ни се затвораат училиштата, нема доволно првачиња, нема доволно часови за наставниците, има празни училишта, празни клупи и апокалипса која ни се случува пред нашите очи, рече на денешната прес конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев.



– Со Димитар Ковачевски и неговите министри Македонија преживува егзодус кој буквално ги десеткува ги колабира училиштата низ Македонија и основните и средните. Маалата и улиците ни остануваат без деца, рече Ѓорчев.

Тој изнесе бројки дека во Општина Велес во однос на минатата година има 49 помалку првачиња што е намалување од 10%, Општина Охрид има 94 помалку првачиња што е намалување од 17% за само една година, а Општина Струга има 52 помалку првачиња штоза само една година е намалување од 9%.

Според податоците што ги изнесе Ѓорчев, Општина Тетово има 200 помалку средношколци и 50 помалку основци кои се запишани во основно образование, додека Општина Гостивар има само 50% пополнети места во основно и средно образование, тоа значи дека има празни училници, празни клупи и недоволно ученици.

– Во Општина Струмица последниве години буквално е преполовен бројот на ученици. Ако во 2019 година се запишувале 750-800 ученици, сега оваа година таа бројка е значително помала. Имаме 4 училишта во 4 села кои немаат ниту едно прваче. Училиштето во Раборци, училиштето во Попчево, училиштето во Мемешли и училиштето во Габрово, тоа се 4 училишта немаат ниту едно единствено прваче, рече Ѓорчев.

Во 2017 година, годината кога се родени денешните првачиња, родени се 21.700 деца, а сега според овие тенденции, според овие бројки коишто се комплетираат, бројот на првачиња ќе биде можеби нешто под 18.000 првачиња. Тоа значи дека само до нивната 6-та година, до наполнети 6 години сме изгубиле 15-20% деца коишто се иселиле и си заминале од Македонија сосе нивните родители. Тоа е пад од фрапантни 4 илјади деца од 0 до 6 години. Поделете го тоа на 20 деца по паралелка, значи дека само од 0 до 6 години од 2017 година и Зоран Заев со неговиот „Живот во Македонија“, сме изгубиле 200 паралелки, објасни Ѓорчев.

Тој оваа појава ја нарече демографското исчезнување и демографски и иселеничкиот егзодус којшто ѝ се случува на Македонија, а за тоа ја посочи економската катастрофа и корупцијата, како и неспособноста на Димитар Ковачевски и неговите министри.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK