Шарл Мишел: ЕУ мора да одреди датум за новото проширување

sharl-mishel.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската унија мора да одреди датум за новото проширување бидејќи без него никогаш нема да биде подготвена да прими нови членки, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во разговор со новинарите во Брисел.


Мишел оцени дека одредувањето на датумот ќе ја охрабри ЕУ да се подготви, а на земјите од Западен Балкан ќе им даде конкретен рок за исполнување на нивните обврски, пренесува РТС.

„Значи, веќе нема да бидат можни изговори од ниту една страна. Едно е јасно, ако не си поставиме цел, никогаш нема да бидеме подготвени“, рече тој.

Во говорот на стратешкиот форум во Блед, Словенија претходно оваа недела, Мишел рече дека ЕУ и Западен Балкан треба да бидат подготвени до 2030 година за прием на нови членки.

После тоа, Европската комисија изјави дека отсекогаш нагласувала дека приоритет на ЕУ е проширувањето како процес заснован на реформите и заслугите на секој кандидат за членство, а не на датумот на нивното влегување во тој блок.

На прашањето дали Европската комисија се согласува со вчерашната изјава на Мишел за датумот, нејзината портпаролка Дана Спинант рече дека „кандидатот за членство може да влезе во ЕУ кога ќе биде подготвен“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK