Ако тоа што одредена компанија финансирала политичка партија, имало влијание врз изборот за тендер, тоа треба да го провери Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) која веќе објави дека ќе отвори случај по тој основ, рече премиерот Димитар Ковачевски.
Премиерот вели дека на тендерот што го објави МНР за салата за претстојниот Самит на ОБСЕ, е избрана најниската понуда, а би било сомнително доколку некој е донатор на одредена политичка партија добие тендер со највисока цена, или пак не е заведен дека е донатор.
Според Ковачевски, во случајот станува збор за тендер што е објавен законски и на кој учествуво заземале повеќе фирми, односно МНР го објави бројот на фирми, како и цените на понудувачите во однос на работата што требале да ја извршат.
„МНР детално информираше колку компании учествувале, какви суми понудиле во однос на извршувањето на работите. Очигледно е дека избрана најниската понуда. Секој од понудувачите има право на жалба согласно со Законот за јавни набавки. Инаку, се работи за компанија која работи и на други инфраструктурни објекти“, рече Ковачевски.