Селекторот на германската фудбалска репрезентација Ханси Флик го објави списокот на играчи за септемвриските натпревари против Јапонија и Франција.
На списокот ги нема ѕвездите на Баерн Леон Горецка и Томас Милер, но затоа има еден дебитант. Повик во националниот тим доби 32. годишниот фудбалер на Брајтон, Паскал Грос.
Селекторот рече дека имал разговор со Горецка и дека му објаснил дека тоа не е конечна одлука.
„Вчера разговарав со Леон и се обидов да му објаснам дека сега одлуката што ја донесов не мора да значи дека ќе биде и конечна. Исклучително го ценам Леон, но факт е дека сме загрижени. Сакам да ги видам реакциите на оние кои не се со нас“, изјави Флик.
Како и да е, „Билд“ објави дека играчот од средниот ред на Баерн му бил лут на тренерот и дека бил изненаден од одлуката да не добие повик.
Ханси Флик реши да го промени составот, бидејќи не бил задоволен од она што го видел на последниот соби во јуни.
„По разочарувачките резултати во јуни, ние од стручниот штаб седнавме и направивме детална анализа. Покрај квалитетот и учинокот, за нас беше важно однесувањето и ставот, но и кој му дава енергија на тимот. Убедени сме дека ако ги собереме овие бодови, ќе добиеме тим и ќе имаме голем успех. Секој мора да го остави своето его на страна и да се стави во функција на тимот“, рече Флик.
Германската репрезентација го има најлошиот скор во својата историја – имам две победи на последните 16 натпревари, што е очигледен показател дека Флик мора нешто да менува.
Како домаќин на Европското првенство Германија директно се пласираше на турнирот. Пријателскиот натпревар против Јапонија ќе се одигра на 9. септември во 20:45 часот во Волфсбург, додека мечот со Франција е закажан три дена подоцна во Дортмунд.
Unser Kader 🇩🇪 für die Spiele gegen
🇯🇵 Japan 📍 in Wolfsburg am Samstag, 9. September (ab 20:45 Uhr, RTL) und
🇫🇷 Frankreich 📍 in Dortmund am Dienstag, 12. September (ab 21:00 Uhr, ARD) 👇#DFBTeam #GERJPN #GERFRA pic.twitter.com/SZrxWJUeY8— DFB-Team (@DFB_Team) August 31, 2023