Пронајдени 30 мртви кучиња и напуштено момче во куќа во Филаделфија

1693458948_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Две лица од предградието на Филаделфија  се уапсени и обвинети за суровост кон животни и загрозување на деца, откако полицијата пронашла тела на најмалку 30 кучиња во нивниот дом во јужниот дел на Њу Џерси, САД.


Властите соопштија дека во куќата имало и деветгодишно момче кое било одземено поради „нездрави услови“ и предадено на социјалните работници. Не е познато дали момчето е поврзано со уапсените.

Девет кучиња се пренесени во локална болница за животни.

Полицајците од Евешам, град на периферијата на Филаделфија,  пронашле живи и мртви кучиња, неколку мачки и зајаци во куќата и ги уапсиле Ребека Халбах (35) и Брендон Лекони (32).

Инспекторите веруваат дека таму угинале и до 100 кучиња, од кои многу веројатно биле закопани во близина на куќата.

Полицијата интервенирала затоа што лице поврзано со организација за заштита на животните од Северна Каролина пријавило дека видело неколку неухранети и болни кучиња во домот. Таа организација претходно и платила на уапсениот пар да се грижи за неколку кучиња.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK