Приведен крадец во Гостивар кој се сомничи за две тешки кражби

kradec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера (28 август) околу 20 часот и 30 минути, на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 23-годишниот С.Д. од гостиварско Чегране. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил две тешки кражби, едната во трговски објект во Гостивар, а втората во гостиварската болница. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK