Во Македонија е активен еден пожар, а вчера имало вкупно 29, известуваат од Центарот за управување со кризи.
Гори во општина Липково, над селата Извор и Белановце.
Како што информира ЦУК, се работи за шумски пожар, а неговиот интензитет е намален.