Тропската бура „Идалија“ ќе се засили во голем ураган додека се движи кон брегот на Флорида, каде властите им наредија на милиони жители да се подготват за евакуација пред да стаса на копното, тоа се предвидува да се случи утре рано наутро.
„Идалија“, придружена со ветрови со брзина од 105 километри на час, се движи над Карибите со брзина од околу 13 километри на час и моментално е на околу 130 километри од западниот дел на Куба, соопшти денеска Националниот центар за урагани, пренесува „Асошиејтед прес“.
Поради засилување на интензитетот на бурата и нејзиниот сегашен пат кон север, околу 20 милиони жители на Флорида се под предупредување за урагани и тропски бури.