Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека Белград прави се за да ги спречи Србите на северот да се интегрираат.
Тој додаде дека на Приштина ѝ е потребна поддршката од меѓународната заедница, особено од Европската унија, пренесува „Економија онлајн“.
На маргините на Бледскиот стратешки форум, тој во интервју за „РТВ Словенија“ рече дека тоа што го прави Белград е проблем за Косово.
„Белград прави се за да не им дозволи на Србите на северот да се интегрираат, така што ова малтретирање на Белград е проблем за нашата земја, за што ни е потребна помош од меѓународната заедница, особено од ЕУ“, рече Курти.