„Граѓаните“ ја зголемија понудата за Матеус Нуњес, а тој штрајкува за да го пуштат во Сити

matheus-nunes.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити испрати нова понуда за играчот од средниот ред на Вулверхемптон, Матеус Нуњес. Првичната понуда од 50 милиони евра беше одбиена, а европските шампиони сега ја зголемија сумата на 60 милиони.


Португалецот е главната цел на Гвардиола за засилување во линијата за врска и „граѓаните“ веруваат дека новата понуда ќе биде прифатлива за раководството на Вулверхемптон.

Матеус Нуњес пристигна во Вулверхемптон пред една година за 45 милиони евра од Спортинг Лисабон. Тој денеска почнал и да штрајкува, не сакал да тренира со тимот, за да го принуди раководството да го продаде во Манчестер Сити.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK