Убедливи победи на Србија и Словенија

141125300464ec944f9a1ef100584489_640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарската репрезентација на Словенија избори пласман во втората фаза на Светскоот првенство. Во Ф-групата, во Окинава, Словенците ја победија Грузија со 88:67.


Словенија предводена од Лука Дончиќ, отпорот на Грузија го скрши во финишот на втората и почетокот на третата четвртина, кога Хроват со две тројки и донесе +16 на својата репрезентација.

Најефикасни кај Словенија беа Лука Дончиќ со 34 поени, 10 скока и шест асистенции, Клемон Препелиќ со 15 и Зоран Драгиќ со 12 поени. За Грузија Александар Мамукелашвили постигна 21, Кахабер Џинчарадзе 12, а Торнике Шенгелија девет поени.

Пласман во вториот круг избори и Србија. Во Б-групата Србите го победија Порторико со 94:77.

Чуден натпревар одиграа овие две селекции во Манила. Србите по првото полувреме имаа предност од 30 поени (57:27). Во вториот дел одиграа несериозно и во еден момент, во 35 минута им дозволија на Порториканците да намалат на само 10 поени. Следуваше серија на Србија 10:0 со која и дефинитивно беше решен победникот.

Богдановиќ и Никола Јовиќ постигнаа по 17 поени, Аврамовиќ 15, а Милутинов забележа 12 поени и 11 скока кај Србија. Пинеиро со 14 и Хауард со 11 поени го предводеа Порторико.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK