Денеска околу 08.45 часот во гостиварски Равен, по потерница врз основа на судска наредба од Основен суд Гостивар, полициските службеници од СВР Тетово-ПС Гостивар го привеле 22-годишниот Ш.Ј. од Равен, извести МВР.
– Тој бил баран за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци, за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по члени 215 и 216 од КЗ, соопшти МВР.
Ш.Ј. е спроведен во КПУ Затвор „Идризово“ во Скопје, за издржување на затворската казна.