Брера стигна до четврти триумф во новата сезона од Првата фудбалска лига. Струмичани славеа против Тиквеш со 2:0 на домашен терен.
Стрелец на водечкиот гол беше Христијан Малески, новото засилување кое пристигна од Струга ТЛ.
https://topsport.mk/wp-content/uploads/2023/08/brera-golovi.mp4
Малески со удар со глава го совлада Столе Димовски во 72.минута од мечот по корнерот на Рибаудо од десната страна. Претходно, младиот напаѓач ја погоди и гредата со шут од 15 метри. Во судиското продолжение, Мартин Ѓорѓиевски постигна и втор гол за потврда на триумфот.
По четири кола, Брера има максимални 12 бода и се наоѓа на врвот на табелата во Првата фудбалска лига.
Standings provided by Sofascore