Голем пожар попладнево избувна во фабриката за хартија SHP Celex во Бања Лука.
Фабриката во која работат над 300 луѓе и е најголемата фабрика за хартија во Босна и Херцеговина е целосно уништена.
Фотографиите од воздух јасно го покажуваат обемот на пожарот.
Компанијата SHP Celex е основана далечната 1966 година како најмодерна фабрика за хартија во поранешна Југославија. Истата беше приватизирана во 2001 година од страна на SHP Group од Словачка, најголемата групација за хартија во Југоисточна Европа.