Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.30 часот, ја лишиле од слобода 38-годишната тетовка А. Н., извести СВР Тетово.
„Таа била пријавена од 64-годишната мајка дека физички ја нападнала во објектот во кој работела“, додаваат од СВР Тетово.
Тетовката А. Н. задржана е во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе се соочи со поднесок.