Ноќеска околу 2 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец Ј.Д., извести СВР Тетово.
– Тој бил пријавен од неговата 46-годишна сопруга дека се однесувал агресивно кон неа и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, велат од СВР Тетово.
Се расчистува и документира случајот.