Кампањата која ќе се плати 80.000 евра наречена „Ние Европа“, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е плагијат. Според него, политичарите кои ја спроведуваат и се дел од власта се срам измамници и срам за Европа.
„Тоа е плагијат, бидејќи нема ништо оригинално во Владата на СДСМ и ДУИ. Тоа е плагијат виден во Европа. Најмалку овие политички измамници имаат право да се повикуваат на Европа, бидејќи се срам на Европа. Додека се претставуваат како промотори на европските вредности и кредибилитетот на Европа во очите на граѓаните ќе опаѓа. И европските дипломати можат да интервенираат за да не ја злоупотребуваат Европа. Европска вредност не е на слепо Владата да потпишува предавство“, кажа за кампањата.
Тој додаде дека евсвропска вредност не е да се клекне во Софија и да се обезличи македонскиот народ. Им порача дека за тоа ќе суди историјата.
(Видео) Со државна кампања, која чини 80 илјади евра, ќе се убедуваат граѓаните за уставните измени