Хрватска чекор поблиску до ОИ во Париз

113733446764e25ecf95dfc730752874_w640.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската кошаркарска репрезентација ја совлада репрезентацијата на Турција во Истанбул со резултат 84:71 и се пласираше во квалификациите за Олимписките игри во Париз.


Во финалето на претквалификацискиот турнир, Хрватите го одиграа најдобриот натпревар во последните неколку години и обезбедија учество на главниот квалификациски турнир за најголемото глобално спортско натпреварување следната година во главниот град на Франција.

Хрватите во првото полувреме стекнаа огромни +19 (48:29) и тоа водство го задржаа до самиот крај на натпреварот.

Турција пред домашните навивачи успеа да се добли на 53:46, но повеќе од тоа не можеше.

Хрватска ја предводеше Дарио Шариќ со 22 поени и 11 скока, а го следеше Марио Хезоња со 16 поени, додека Џејлен Смит постигна 14 поени.

Во поразениот тим Фуркан Коркмаз имаше 19 поени, Шехмус Хазер додаде 16, а Алперен Шенгун 12.

Претходно пласман во квалификациите од турнирот во Гливице избори Полска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK