Фудбалерите на Вест Хем славеа против Челзи со 3:1 во натпревар од второто коло од Премиер лигата.
На Олимпискиот стадион во Лондон, домашните навивачи имаа причина да слават по само седум минути игра.
Грешка направи Галагер кој без причина ја испрати топката во корнер. Џејмс Вард Проуз, новото засилување на Вест Хем нафрли, а Агерд на втората статива остана сам и ја испрати топката во мрежата.
Челзи одговори 20 минути подоцна. Керни Чуквуемека најпрвин одличнен дриблинг ја префрли топката на десната страна, а потоа го погоди подалечниот агол од голот на Вест Хем. Чукуемека го постигна првиот гол во дресот на Челси.
„Сините“ имаа голема шанса во 43.минута да направат комплетен пресврт, меѓутоа Ареола му одбрани пенал на Енцо Фернадез.
Во вториот дел, слично како и во првиот Вест Хем постигнаа гол по само осум минути игра. Одново лоша реакција имеш во одбраната на Челси. Дисаси реагираше лошо, напамет исфрли една топка, таа стигна до Вард Проуз, кој го проигра Антонио, кој најпрвин издржа дуел со Силва, а потоа го погоди долниот десен агол од голот, со прецизен удар од околу 16 метри.
До крајот Челси ја презеде инцијативата, го зголеми притисокот по 73.минута, кога Агерд мораше во соблекувалата пораи вториот жолт картон, но одбраната на вест Хем и голманот Ареола ги издржаа сите налети.
Во самиот финиш, најскапиот играч во историјата на Премиер лигата, Каиседо, направи пенал. Реализатор беше Пакета, кој ги постави конечните 3.1.