Шпанија ја освои титулата на женскиот Мундијал во Австралија и Нов Зеланд. Во финалето, Шпанија ја победи Англија со 1:0.
Првата титула на Шпанија и ја донесе Кармона-Гарсија, која во 29.минута со прецизен удар ја заврши одличната тимска акција.
Пред и по водечкиот гол Шпанките имаа неколку шанси. Најдобрата ја пропушти Ермосо, која во 70.минута не реализираше пенал.
До титулата Шпанија дојде без најдобрата фудбалерка во светот, Алексија Путељас. Од тактички причини таа на теренот влезе во 90.минута.