Вчера вечерта во 22.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.П.(23) од охридското село Куратица.
При претрес извршен со судска наредба во куќа во Охрид каде престојувал, полициските службеници пронашле и одзеле бела грутчеста материја, најлонски опаковки со траги од бела прашкаста материја и пари.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.